Во Македонија наскоро пристигнува заменик помошникот државен секретар за одбрана на САД, Лора Купер.
Купер на 1 декември во Охрид ќе учествува на состанокот на министерскиот состанок на Јадранската група.
Од страна на НАТО на состанокот ќе учеатвува шефот ма мисијата на алијансата во Скопје Горазд Бартол а ќе се обратат и премиерот Заев и вицепремиерката Шеќеринска.
На средбата ќе учествуваат министрите за одбрана на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора како и на Бугарија а како земји набљудувачи свои претставници ќе испратат, Косово, Србија и Словенија.
Лора Купер во Пентагон е одговорна за политиките во однос на Русија, Украина, Евроазија и Западен Балкан како и за контрола на конвенционалното оружје.