Поранешниот холандски премиер Марк Руте денеска е на чело на НАТО, со задача да ја одржува Aлијансата во критично време имајќи ја предвид војната во украина и наближувањето на клучните претседателски избори во САД, пренесува „Ројтерс“.
На церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел, Руте ја преземе функцијата генерален секретар од Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја водеше воената алијансата во текот на бурната деценија, особено обележана со руската инвазија на Украина во 2022 година.
Претставниците на НАТО и дипломатите очекуваат Руте да ги задржи приоритетите на Столтенберг во 32-члената алијанса – охрабрување на земјите од НАТО да трошат повеќе за одбраната и ангажирање на САД во европската безбедност.
Но, неизвесноста надвисна и околу конфликтот во Украина, кој се претвори во застрашувачка војна на трошење, и идната американска поддршка за НАТО и Киев, со скептичниот Доналд Трамп во спорната изборна трка со актуелната потпретседател Камала Харис.
Руте, кој се повлече од функцијата премиер на Холандија оваа година по рекордни 14 години на функцијата, е жесток поддржувач на Украина.
Тој, исто така, ги повика Европејците „да престанат да кукаат“ попоранешниот американски претседател Доналд Трамп и да продолжат со зајакнувањето на одбраната на континентот.