Наталија Киселова избрана за претседател на бугарското Собрание

Со поддршка на ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ и АПС, Наталија Киселова, предложена од БСП, денеска е избрана за претседател на Народното собрание.
Така заврши драмата во парламентот,откако цел месец пратениците не можеа да бираат кој ќе ги води.
Таа собра 140 гласови „за“, 93 пратеници беа „против“, а имаше нула – „воздржани“.