Мерката за ограничени маржи за т.н. Новогодишна кошничка ќе стапи на сила од следниот понеделник, а Владата соопшти дека листата на производи во меѓувреме е проширена и на неа ќе има над 700 прехранбени продукти, пренесе Канал 5. На една недела пред стартот на новогодишната потрошувачка кошничка граѓаните скептични дека цените вистински ќе се намалат. Велат како и досега, така и овој пат, прво трговците цените ги зголемиле, за после да ги намалат – па вистински ефект од мерката не очекуваат да има.
- „Ништо затоа што ќе ги покачат сега и после ќе се вратат на истата цена, како и на секое намалување така прават, за жал.“ „Ме плаши мене тоа што викаат сега новогодишна кошничка, може после тоа и цените да рипнат, и 1 кг зејтин да биде 100 денари. за една моја пензија ова е многу.“ „Не сум воочил некакви разлики во однос на цените. Да почекаме да ги видиме резултатите, се надевам она што го зборуваат претпријатијатаќе останат на ветувањето и ќе ги намалт цените.“ „Пензиите и платите се такви какви што се така што ќе се оптерети нашата кошничка воопшто.“, велат граѓаните за Канал 5.
Токму од таа причина, приемирот Христијан Мицкоски пред неколку дена го задолжи пазарниот инспекторат да излезе на терен и да провери дали, трговците, производителите и дистрибутерите, кои сами ги предложија производите кои ќе бидат дел од кошничката, ќе прават злоупотреби. Од пазарен за Канал 5 велат, инспекторите се постојано на терен, согласно законот за потрошувачи, акциската цена која ќе важи од 15 декември до 15 јануари, ќе треба да биде намалена за најамлку 10 % согласно најниската цена која ја имале изминатиов 1 месец, па оттука, директорот на пазарен вели очекува тоа да се почитува. Во спортивно најави санкции.
Бидејќи станува збор за акција на самите компании, а не владина одлука казни не се предвидени, дали мерката ќе се почитува или не ќе утврдуваат самите граѓани, но конторла најавија и од ССМ.
„Очекуваме дека денеска поради тоа што сами им се овозможи да ги креираат овие цени ќе останат достојни барем на тоа што самите го кажуваат. Доколку не го направат тоа ССМ на почетокот на наредната година ќе бара ригорозни казни за сите вакви нефер трговски практики и нефер трговци.“
Утрово преку соопштение реагираа и од опозициската СДСМ, велат Владата свесно оставила простор трговците да ги покачат цените и граѓаните повторно да ги плаќаат производите по иста или дури и повисока цена.
„Јајцата, кои неодамна чинеа 75 денари, сега се продаваат за 90 денари. Зејтинот поскапе од 82 на 89 денари, а цената на кашкавалот достигна речиси 500 денари за килограм – речиси 70 денари повеќе од претходно.“
И додека се чека стартот на акцијата од Владата велат листата на производи расте. Над 700 производи од идниот понеделник треба да се продаваат со пониска цена за најмалку 10 %, а граѓаните преку посебната веб страна мојакошница.мк да ја видат листата на производи понудени од над 50 тина дистрибутери и производители. Во акцијата учестувват и трговци, а засега од веб странта може да се забележи дека само 2 поголеми маркети имаат пласирано своја понуда, надлежните најавија дека листата може да се проширува и пред но и за време на акцијата.