Нарачала чевли, добила цигла – До кога криминално ќе се ровари по социјалните мрежи?!

Еден куп граѓани се жалат на социјалните мрежи дека нарачале производи преку профили на Фејсбук и на Инстаграм кои изгледале фантастично на сликите, но кога пратката пристигнала, добиле евтина копија, оштетени предмети, друг производ, па дури и празен пакет, пренесе Плусинфо. Кога се пожалиле кај продавачите, веднаш биле блокирани. Од МВР не кажаа дали некој од таквите профили бил блокиран, дали биле откриени сопствениците на измамничките профили и дали биле казнети на каков било начин.

Дали и вам ви се случило да нарачате нешто онлајн, а да добиете производ што нема никаква врска со сликата? Дали сте останале без одговор откако ќе се пожалите кај продавачот, или уште полошо – веднаш ве блокирале?

Сè повеќе граѓани се жалат дека станале жртви на измами преку Инстаграм и Фејсбук продавници, каде што наместо квалитетен производ, добиваат евтина верзија, оштетен артикл, друг производ или дури и празен пакет.

Според податоците од Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ), само во 2024 година тие оствариле 1.620 советувања со граѓани, од кои значителен дел се однесувале на проблеми со онлајн купувања. Како најчести поплаки биле наведени неисполнување на гаранции, испорачување на неквалитетни или оштетени производи и доцнење на доставата.

– Пред извесно време нарачав чевли од една онлајн продавница на Фејсбук. Ми рекоа дека пратката дека ќе пристигне за два работни дена. Ја презедов пратката од каргото, но кога ја отворив наместо чевли внатре имаше една цигла. Им пишував неколкупати, но ништо не ми одговорија, а потоа и ме блокираа – сведочи скопјанка на социјалните мрежи.

Лошо искуство со фантомски продавачи сподели уште една скопјанка која нарачала облека, но кога ја добила пратката, ниту облеката била таа што ја нарачала, ниту бројот бил соодветен. Ваквите примери се бројни. Повеќе на Плусинфо.мк.