Напаѓачите на Села претепани во затворот Шутка?

Таткото и синот што се обвинети за нападот врз пратеникот и градоначалник на Струхга Зијадин Села се претепани од затвореници Албанци во истражниот затвор Шуто Оризари, тврдат нивни познаници на социјалната мрежа Фејсбук.

„ Талат ви го лупна прв ден знамето а не е дезинформација , таткото и синот што го влечеа кучето се измасакрирани од племето во затвор. Така говеда продајде се за тоа што ми умреа дедо, прадедо и сите поколенија уназад. Браво шарени фагети тоа ви беше цел“ се вели во постот според кој напаѓачите на Села се нападнати  в затвор.

Засега за овие шпекулации нема официјална потврда од МВР или затворот Шутка. Таткото и синот што го нападнаа и тешко го повредија лидерот на Унитети Зијадин Села за нападот добија кривични пријави и 30 дневен притвор.