Договорот што Барак Обама го постигна со кубанските власти во 2015. година со кој островот и САД ги приближија по цели 50 години делумно е поништен со акт донесен од актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Рестрикциите ќе се однесуваат на трговијата и патувањата во двата правца со акцент на придобивките што од нив би ги имале кубанската војска и тамошната тајна служба.

Трамп и неговата администрација уверуваат дека договорот за зближување од пред две години не е загрозен, но факт дека дел од ограничувањата ќе бидат на сила повторно. Тоа не се однесува на дипломатските односи, комерцијалните летови и туристичките патувања кои се во пораст и годинава би требало да достигнат бројка од 400 илјади.

Соединетите Американски држави ја држеа Куба под ембарgо повеќе од половина век, но тоа не ја разниша комунистичката власт на островот, по што Обама под покровителство на Ватикан започна преговори кои донесоа потпис на договорот за кој прврзаниците на претходниот американски претседател велат дека е најголем потфат во надворешната политика на земјата во последните неколку години. Сега истиот е ревидиран делумно, но кој вели дека во скоро време врз него нема повторно да се интервенира.