Над 30 загинати во руските удари врз Украина

Бројот на загинати во денешните руски напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.

Последните извештаи говорат дека 17 лица се убиени во главниот град Киев, од кои две во детска болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.

Руското Министерство за одбрана денеска ги отфрли наводите на Киев за намерен напад на руските сили врз цивилни цели нагласувајќи дека групниот напад врз воени цели во Украина е одговор на обидот на Киев да ги оштети руските енергетски и економски капацитети.