Според анализата која ја пренесуваат светските медиуми над 1500 броци на Исламската држава и други воени исламски формации се вратени или се во фаза на враќање во европските земји каде што би можеле да ги продолжат своите терористички активности.
Според независниот либански политички коментатор Сара Абдала ова е добра причина германската канцеларка Меркел наместо кон Русија да се сврти кон реалниот проблем со кој ќе се соочи западот, вратените џихадисти кои што нема да седат мирни во Европа.
Најголем број од повратниците се од Велика Британија, околу 450, а по нив следуваат граѓани на Германија 280 и на Франција околу 210. Сериозни причини за загриженост имаат и Шведска со 150 и Белгија со 120 повратници како и Холандија, Данска, Норвешка и Австрија.
На листата ги нема Македонија, Косово и Албанија. Пред една година претседателот Иванов објави дека во земјава има над 75 повратници од фронтовите во Ирак и Сирија. Косово и Албанија според различни извештаи според бројот на население се на врвот на земјите од каде заминуваат борци во ИД и други радикалнни групи.
Околу 300 Косовари и над 200 Албанци во моментов се борат за џихадистички милитанти групи во конфликтното подрачје на Блискиот Исток.