Се уште се утврдува бројот на загинати и повредени во пожарот кој изби за време на концертот на популарната група ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На концертот на популарна македонска група во дискотеката присуствувале околу 1.500 гости.
Во гаснењето на пожарот кој изби околу 03 часот ноќеска учествувале возила на Територијалната противпожарна заштита, но ниту тие ниту медицинските тимови на терен не биле ниту одблизу доволни за да ги спасат сите настрадани.
Помагале цивили и со цивилни возила.
Десетици загинати и повредени во пожар во дискотеката “Пулс“ во Кочани