Рафа Надал го прегази во вториот денешен полуфинален дуел во Париз, Доминик Тим со 3-0 (6-3, 6-4, 6-0) и се пласира во финалето на францускиот тениски Гренд Слем. Тоа практично за 32. годишниот Шпанец е “камбек” во главниот меч и на главниот терен на Ролан Гарос и тоа по две прошуштени години во кои победуваа Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка.
Швајцарецот Ваваринка ќе застане на другиот крај од теренот в недела и ќе се обиде да го врати трофејот освоен предминатата година. Стен денеска имаше вистински маратон против Анди Мареј, но успеа да го добие со 3-2 (6-7, 6-3, 5-7, 7-6, 6-1) и да си обезбеди втор настап во завршниот чин на Ролан Гарос.
Финалистите на 116. издание на вториот голем турнир во сезоната имаат 100 насто реализација, со тоа што Надал има 9 победи и Вавринка една.