Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ненадејно се разболел за време на посетата на Соединетите Американски Држави, по што побарал медицинска помош и по прегледот одлучил да се врати во Србија, и веќе е на пат за Белград, дознава Танјуг рано утрово.
Поради ова, претседателот на Србија не се појави на главните настани за кои дојде во САД.
Според информациите на Танјуг, претседателот Вучиќ се разболел во раните попладневни часови по локално време.
Канцеларијата на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста за што точно станува збор во наредните денови.
Претседателот Вучиќ отпатува во Америка на 30 април. Како што најави, требаше да се сретне со бројни функционери на Републиканската партија, како и со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Се поставува прашање, дали српскиот претседател на 9-ти мај ќе присуствува на Парадата по повод Денот на победата над фашизмот во Москва.
Меѓу првите со кои се сретнал бил поранешниот градоначалник на Њујорк, познат адвокат и близок соработник на Трамп, Руди Џулијани, според „Блиц“.