Водечки член на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) се појави пред суд во четвртокот обвинет за употреба на забранет слоган.

Бјорн Хоке, е означен од домашното разузнавање како „десничарски екстремист“.

Неколку десетици демонстранти се собраа пред судницата во источниот град Хале, држејќи плакати на кои пишуваше: „Бјорн Хоке е нацист“ пред да пристигне во судницата.

Обвинителите велат дека Хоке го завршил предизборниот говор во источниот град Мерсебург во мај 2021 година со зборовите „Сите за Германија!“.
Оваа фраза е забранета во Германија бидејќи беше слоган што го користеа хитлеровите војници.

Неговите адвокати велат дека тој не знаел дека зборовите се забранети, а самиот Хоке, наставник по историја, во телевизиска дебата минатата недела рече дека не бил свесен за потеклото на фразата.

Тој е обвинет и за користење на слоганот за време на настан во декември 2023 година.

Доколку биде прогласен за виновен, Хоке може да се соочи со парична казна или можеби затворска казна.

АфД, која е на второто место во повеќето национални анкети зад опозицискиот конзервативен блок, се најде под лупа по извештаите во јануари дека некои високи партиски фигури заговарале депортирање на луѓе од негерманско потекло.