За очекувањата на лидерот Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ може да освои 61 пратеничко место односно апсолутно мнозинство на парламентарните избори, потпретседателот на партијата и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунсѝки вели дека „во моментот има услови за такво нешто“.

Некогаш се случуваат бранови на масовна поддршка – вели Муцунски кој во гостување на „360 степени“ на МРТ прави паралела со локалните избори.

„Немаше ниту една анкета која велеше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има повеќе од 40 градоначалници. Тоа зависи примарно од нас како политичка партија.

Граѓаните, во принцип, често се имаат определно за кого ќе гласаат и пред да почне кампањата или имаат став дека веројатно ќе гласаат за некој политички субјект или кандидат.

Но, ние сега имаме можност со добра кампања, примарно би рекол, ако е возможно, со сто проценти позитивна кампања, да им понудиме на граѓаните надеж. Бидејќи тоа недостасува во нашето општество.

Има доза на песимизам кај одредени луѓе кога ќе речеме 61 пратеник, но верувам дека со верба, со добра кампања, канидати и програма, не е невозможно“, вели Муцунски.