Муцунски за посетата на хрватскиот претседател Милановиќ: Потврда за пријателските и партнерски односи, кои се развиваат без отворени прашања

„Добредојде за претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ во Скопје.“ – објави на својот фејсбук-профил Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и надворешна работа на Република Македонија.

На општествената мрежа Муцунски истакнува: Во официјална посета на нашата држава денеска престојува претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ. Во рамки на посетата предвидени се повеќе активности и средби на високо рамниште. Во фокусот на разговорите ќе бидат заемните односи меѓу двете држави и можностите за нивно натамошно унапредување во духот на пријателството и соработката.

Посетата на хрватскиот претседател претставува потврда за традиционално пријателските и партнерски односи, кои се развиваат без отворени прашања – како на двострано, така и на повеќестрано рамниште. – објави министерот министерот Муцунски.