Без да се извини или да прифати вина а притоа и без да обвини за агресивност шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски елегантно се справи со дипломатскиот напад од Косово чија претседателка и шефица на дипломатијата побараа извинување од Македонија.
Во врска со инцидентот на скопскиот аеродром каде вработен во турската државна компанија ТАВ не дозволил косовската претседателка Вјоса Османи да мине без да и биде проверен телефонот и чантата Муцунски на Косово му порача дека жали за инцидентот притоа меѓу редови оставајќи можност дека за инцидентот виновно е обезбедувањето на косовската претседателка и дел од обезбедувањето на спикерот Африм Гаши кое сакало да се одмазди на вработените во ТАВ.
,,Република Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области. Во наведениот контекст изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Н.Е. Вјоса Османи на меѓународниот Аеродром во Скопје.
Напоменуваме дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија во врска со вчерашниот настан веќе се побарани информации од сите надлежни институции. Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации”, пишува во реакцијата на Муцунски за случајот кој беше предизвикан од страна на Косово.
Предходно Косово преку министерката за внатрешни работи Гервала побара избинување од Муцунски и претсеателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова.
Доколку Косово по дипломатската реакција на Муцунски продолжи да прави случај од инцидентот во приватната турска компанија ТАВ на денот на најголемиот македонски национален празник тогаш не е исклучено дека целта на официјална Приштина не е расчистување на случајот туку свесно креирање на тензии со Македонија, коментираат западни дипломати за expres.mk.
Најчитани вести
Огромен скандал на денот на најголемиот македонски национален празник
Дали Ахмети, Груби, Османи, Села и Тачи на Илинден покажаа што навистина мислат за Македонија