Британскиот Мирор најавува нов рекорден трансфер, со кој Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо со 100 милиони фунти тргнуваат по Хари Кејн од Тотенхем. Менаџерот на Манчестер јунајтед им порачал на првите луѓе на клубот да го заборават Кристијано Роналдои да се фокусираат на Хари Кејн.
Мирор вели дека „Специјалниот“ е голем фан на новиот капитен на Англија и сака најдобриот стрелец во Премиер лигата во последните две сезони да го наследи Златан Ибрахимовиќ. Португалецот верува дека на Лондонскиот клуб треба да се плати колку и да треба за Хари Кејн да пристигне на Олд Трафорд.
Според Мирор, Манчестер јунајтед е подготвен да одвои рекордни 100 милиони фунти, сума која сигурно ќе ги замисли на Вајт Харт Лејн иако тие неколку пати велеа дека немаат намера да се разделат со својата прва ѕвезда.