Веројатно, всушност речиси сигурно, нема некој кој барем еднаш, кога станува збор за компјутери, таблети и паметни телефони не се сретнал со мега популарниот формат на музички фајлови MP3.
Сигурно не е претерување, ако се каже дека ова е еден од најпознатите, најпопуларните и најчесто користените формати во историјата на компјутерите. За жал, MP3 оди во историјата, прогласен е за речиси мртов, но не од страна на аналитичари, новинари или корисниците на MP3 форматот на интернет, туку од страна на – неговите творци. Германскиот Fraunhofer Институт, кој во 1995 година го на светот му го донесе новиот формат за музички фајлови, кој го развиле уште на крајот од осумдесеттите години, на официјалниот веб-сајт објави дека речиси се што е поврзано со MP3 форматот е „изгаснато“. Враќање нема, MP3 е официјално напуштен од страна на тимот за развој, кој сите овие години цврсто стоеше зад него, и за жал, е уште еден легендарен формат, вткаен во самата основа на веб и на музичката индустрија.
Причината всушност е многу едноставна. Сè е објаснето од Бернхард Грил, директор на оддел во Fraunhofer институтот, објавува порталот http://dodajgas.mk/kraj-na-edna-era-nema-poveke-mp3-format/
„Постои подобар и поквалитетен формат и станува збор за AAC, или Advanced Audio Coding формат, која практично стана стандард кога станува збор за компјутерска музика или видео саундтрак, било да се зборува за компјутери или мобилни уреди“, вели Бернхард Грил. Според него, AAC во споредба со MP3 „е поефикасен и доаѓа со многу повеќе функционалности“.
Значи, по 22 години практично водечка позиција кога станува збор за компјутерска музика, МР3 станува непожелен. Интересно е тоа што Институтот Fraunhofer, исто така, помогнал во развојот на AAC форматот до ниво каде што е денес.
Своите златни денови, MP3 форматот ги доживеа крајот од деведесеттите години, кога Apple го претстави својот iPod уред. Тогаш MP3 стана стандард, а дополнително се прошири, благодарение на фактот дека iPod-от е „основа за слушање музика“.