МПЦ-ОА добива објект на нов православен храм

Македонската православна црква – Охридска архиепископија доби дозвола за градба на објект на нова црква.

По долги години административни подготовки на местото на стариот објект на црквата Свети Климент Охридски во Берлин ќе се гради нов православен храм.

,,Драги браќа и сестри, со огромна радост сакаме да ве известиме дека добивме дозвола за градба на новата Црква во Берлин”, објави црковниот одбор на овој православен храм во главниот град на Германија каде освен православни верници за православните празници доаѓаат и членови на другите православни цркви.

Црквата Свети Климент Охридски во Берлин е дел од Европската Епархија која ја води епископот и член на Светиот синод на МПЦ-ОА Пимен.

Црквата се очекува да биде изградена со донации од македонската заедница во Берлин, Германија, Македонија и други држави.