МОЏО: Како да си ја зголемите сами платата од скриени извори

Сатиричниот портал mojo.mk открива 9 начини како да ја отворите спиралата со која што можете да заштедите цело богатство.

Меѓу начините со кои можете да дојдете до зголемени примања се апстиненција од одмор на Куба и поретко фарбање на вашето Бентли.

Текстот е сатиричен одговор на изјавата на генералниот секретар на владата Драги Рашковски кој преку Фејсбук во стил на министер за домашни финансии се обиде да објасни дека граѓаните не можат да согледаат дека владата успеала минималната плата да ја зголеми од 12 илјади на 12 илјади и петсто денари.

Рашковски деновиве е една од ѕвездите на социјалните мрежи, секако не поради неговата моќ за убедување на народот.

Уживајте во текстот на Мојо.мк овде