Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин целосно ја поддржал размената на воени заробеници меѓу Москва и Киев, предложена од унгарскиот премиер Виктор Орбан, но се чини дека Украина ја одбила идејата, пренесува Ројтерс.
Орбан ги дал предлозите за време на разговорот со Путин, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин даде предлог во пресрет на Божик да се изврши голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина, како и да се објави Божиќен прекин на огнот“, рече Песков.
Русија брзо го испрати својот предлог за размена на воени заробеници за Божик до унгарската амбасада, но Украина ги одби сите понуди, додаде тој.
Унгарија од 1 јули го презеде претседавањето со Европскиот совет на шест месеци. Веднаш потоа Орбан ги посети Киев, Москва и Пекинг и САД.
Европската унија, сепак, нагласи дека унгарскиот премиер нема овластување да ја претставува Унијата во нејзините меѓународни контакти, и покрај улогата на Унгарија како привремена земја претседавач.