Познатиот американски актер и режисер Морган Фриман во понеделникот тајно пристигна во Сараево. Тој во главниот град на Босна и Херцеговина претстојувал само три дена и за тоа време снимал документарец  за воените страдања во Сребреница.

Документарецот на Морган Фриман треба премиерно да се прикаже на есен, а многумина со нетрпение очекуваат да видат каков производ ќе создаде актерот запаметен по извонредните ролји во филмовите Unforgiven, Glory, Seven, Deep Impact, The Sum of All Fears, Bruce Almighty, Batman Begins, March of the Penguins, The Bucket List, Wanted, The Dark Knight, RED.