Италијанската актерка Моника Белучи ја доби наградата „Доноста“ за придонес во кинематографијата, како дел од 65. Меѓународен филмски фестивал во Сан Себастијан, Шпанија.

Ова е престижна награда и им е доделена на големи актерски ѕвезди како што се Мерил Стрип, Софија Лорен, Жан Моро, Ал Пачино, Џон Траволта и други. Првиот добитник на почесната награда „Доноста“ е Грегори Пек во 1986 година.


„Чест ми е“, изјави Моника за новинарите на конференцијата за печатот, додавајќи дека „сè уште има многу да научи“.

„Често за време на мојата кариера се прашував колку е мојот изглед важен за работата што ја правам, и јас секогаш го одговарам истото: кога некој е убав, може да привлече внимание … но ако нема ништо друго, останува на тоа. Наполнив  53. години и сè уште  добивам улогите … но се надевам дека тоа не е поради мојот изглед “, изјави актерката.