Има ли обвинителство во државава или Коцевски ќе тера ,,како до сега”, прашува новинарот на Заспиј ако можеш на Алфа ТВ Горан Момироски кој открива афера во која градоначалник им се заканува на негувателки дека нема да бидат вработени ако не гласаат за партијата на градоначалникот.
,,Според уплашени граѓани за својата судбина со кои разговарав и принт скрин од комуниција која по секоја основа е јавен интерес градоначалник се заканува со отказ на негувателки ако не гласат ,,соодветно”.
Ги знаел и тие што што давале поддршка за ,,другата страна” ама не сакал да ги именува поединечно. Им порачува дека ако сакаат да добијат од него поддршка за редовен работен однос бара од негувателките кои работат на проект да гласат за неговата партија и кандидат за претседател утре и на 8 Мај”, пишува Момироски кој ги користи хаштазите:
#ДопренГласДалекуСеСлуша
#КоцевскиСеСлушамеЛи
Момироски не ја објавува комуникацијата затоа што добил сугестија од правник дека сликата може да биде дел од истрага.
Поврзана содржина