Молк за идејата на Љубчо Георгиевски за „Западна Македонија во Голема Албанија“

Три дена по објавувањето на интервјуто на екс македонскиот премиер Љубчо Георгиевски во кое тој збоорува за припојување на западна Македонија кон Албанија и Косово заедно со Прешевска долина, македонските и балканските медиуми молчат.

Во текстот кој пред 4 дена го објави  Хафингтон пост во своето издание на германски јазик Георгиевски вели во Македонија има меѓу 30 и 35 % Албанци и дека 60 илјади од вкупно 180 илјади ученици во земјата учат во чисти албански училишта.

Тој со тоа индиректно тврди дека бројката на ученици Албанци во Македонија е околу 40 % затоа што во оваа бројка не се пресметани и учениците од мешаните средини.

Повеќе за небулозните идеи на лидерот на ВМРО – Народна во текстот на expres.mk