На состанокот на Извршниот комитет на МОК во Лозана, донесена е одлука Русија да биде исфрлена од претстојните Зимски олимписки игри во Пjонгчанг, Јужна Кореја.

Игрите во Пјонгчанг започнуваат на 9-ти февруари.

На Игрите ќе учествуваат само руски спортисти кои не се обвинети за користење на забранети стимуланси.

Тие ќе се појават под неутрален знаме, а шампионите нема да ja слушнат националната химна на нивната земја, одлучи Меѓународниот олимписки комитет.

Одлуката доаѓа како реакција на „оркестрираното допингување“ за време на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, објави во вторникот Меѓународниот олимписки комитет.

Русија постојано одбива да прифати дека постоела допинг-програма спонзорирана од државата.

Од Олимпиското движење доживотно се отстранети министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко и претседателот на рускиот олимписки комитет, Александар Жуков.

Русија, исто така, ќе мора да плати парична казна од 15 милиони долари. Причина: систематско кршење на анти-допинг правилата.

„Ова треба да стави крај на непријатните епизоди и да послужи за поефикасен систем за анти-допинг”, изјави претседателот на МОК, Томас Бах.

МОК го задржа правото да ги укине во целост или делумно казните пред церемонијата на затворање на Олимписките игри ако санкциите бидат прифатени и исполнети без услови од страна на претставниците на националниот комитет (на Русија), од федерациите и од спортистите.