Македонските кошаркари и навивачи кои што в среда ќе го следат мечот во предквалификациите за СП Кина 2019 може да се соочат со сериозни непријатности откако фановите на косовскиот тим на социјалните мрежи најавуваат „пекол“ во Халата на спортовите во Приштина.
За мечот против Македонија кој започнува во 20 часот и 15 минути се координираат сите косовски навивачки групи кои што се надеваат дека нивниот тим може да се пласира во квалификациите за СП.
Мотивот на косовските навивачи не е само спортски, во коментарите на социјалните мрежи Македонија се најавува како ФИРОМ а не се исклучува ниту палења на македонското знаме , што нема да биде прв пат.
Косовските власти презеле обемни мерки за безбедност и не се очекувааат сериозни проблеми за безбедноста на гостинските играчи и навивачи кои што патуваат на 80 километри од Скопје но сепак не се исклучува дека покрај вербални навреди гостите од соседството може да бидат и цел на други провокации.