Австриец бара спорот Софија – Скопје да го решава европската претставничка за надворешна и безбедносна политика.
Контроверзниот австриски невладин активист кој сака да се прикажува како експерт за Балканот Гунтер Ферлингер бара новата ЕУ претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Каја Калас да им помогне на Македонија и Бугарија да го решат спорот за Бугарите во уставот.
,,Бугарија и Македонија работат на решавање на нивните билатерални прашања, Каја Калас помогни им”, пишува Ферлингер.
Ферлингер важи за контроверзен лобист на страната на Косово во конфликтот со Србија а во Македонија од страна на предходната влада на СДСМ и ДУИ беше инволвиран во процедурата за доделување на државни пари за сомнителни проекти преку Фондот за истражување и технолошки развој, ФИТР за кој веќе се води истрага.
Иако јавно прозвана европската претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика не реагира на прозивката од австриецот.