Модна битка на најмоќните први дами

Емануел Макрон денеска беше инаугуриран за нов претседател на Франција. На церемонијата секако, беше придружуван од својата 64-годишна сопруга Брижит Макрон, која за оваа пригода избра сина креација од модната куќа Луј Витон, во која несомнено потсетува на американската прва дама Меланија Трамп за инагурацијата на претседателот Трамп.

Модните критичари патем и замерија за должината на здолништето, кое го сметаат за неприкладно за ваков вид на церемонија. Меѓутоа сите  се согласија дека таа за своја возраст изгледа беспрекорно.