Еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ Фредерика Могерини многу брзо по церемонијата во Водно во Скопје кога претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов му го додели мандатот за формирање влада, му честитаат на идниот премиер Зоран Заев.
“Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, така што конечно може земјата да излезе од политичката криза” велат во заедничкото соопштение, Хан и Могерини.
Тоа што изненадува е брзината на реакцијата и итната честитка од Брисел, но нешто слично се случуваше и при изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на 27 април.