Македонското министерство за надворешни работи одбива да ги коментира наводите на идеологот на грчката надворешна политика од деведестите годинни на 20 век и човекот што го сметаат за творец на кратенката ФИРОМ.
Во врска со барањето на Нова Македонија за коментар МНР со дипломатски одговор кој се фокусира на можноста за влез во НАТО со кратенката ФИРОМ
„ МНР работи на враќање и унапредување на меѓународните позиции на Република Македонија. Фокусирани сме и ќе продолжиме во обидот да ја убедиме Грција дека Република Македонија треба да влезе во НАТО под привремената референца. Убедени сме дека тоа ќе биде добро за нас, но и за Грција, и за стабилноста на целиот регион, како и за нашите добрососедски односи со грчките пријатели. Впрочем, тоа би било и во согласност со правната ситуација, дефинирана со Привремената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата“ – се истакнува во реакцијата на македонското МНР за весникот Нова Македонија.
Што порача Александрос Маљас пред посетата на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Атина и кое име го наведе како прифатливо за Грција прочитај тука