МНР го потврди досега најсериозниот дипломатски инцидент со Белград

Министерството за надворешни работи (МНР) ноќеска соопшти дека добило нота од српската амбасада во Скопје, со која биле известени дека персоналот на Амбасадата на северниот сосед е повикан на итни консултации во Белград.

МНР информира дека не е запознаено со причините за оваа одлука и затоа воспоставува комуникација со српското министерство за да се утврдат причините за оваа постапка.

„Согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје“, се вели во информацијата на македонското МНР.