Млекото како прва помош во случај на изгореници од сонце

Кога температурата достигнува до 30. степен полека, но сигурно, сите влегуваат во филмот, одмор, сонце, плажа итн. И додека плановите, но и можностите се ставаат на маса, ние ве потсетуваме на една од најчестите причини за уништен одмор, и секако, за нејзино санирање или контролирање.
Станува збор за изгорениците од сонце кои се случуваат веќе и во вториот дел од мај, и најмногу во јуни, јули и август. Последиците можат да бидат сериозни и може да доведат до низа компликации, особено ако нема никаков вид на заштита или пак, препарат за итно третирање на изгорениците. И затоа тука е првата и најбрза помош во вакви ситуации, млекото.
Млекото во комбинација со мраз (нема разлика дали е, кисело млеко или јогурт од фрижидер) ги смирува сите изгорени места, и најчесто е доволен еликсир, а и ви дава и шанса при посериозни проблеми да добиете време до посета на лекар.