Ве мачи секојдневната мисла што да приготвите денеска за ручек…
Наш денешен предлог е добро познатиот и веќе испробан рецепт Грашок со телешко месо.
Потребни состојки
-500 грама грашок
-400 грама телешко месо
-1 морков
-2 главици кромид
– лажица вегета
– сол и црн пипер
– масло по потреба
– 1 парче лук
– 2 листа ловоров лист

-1 лажица црвен пипер
-2 лажици брашно
-коцка (10 грама) путер

Подготовка:

Месото треба да го исецкајте на ситни коцки. Во садот налејте вода и ставете сол, кога ќе зоврие водата додадете го месото и тоа нека се вари едно 15 минути, а  кога месото ќе биде сварено, процеде го и оставете го на страна.
Кромидот исчистете го од лушпата и исецкајте го на ситни коцки, морковот истоа така да се излупи и да се исецка на ситни кругови, исто така и со лукот и сето тоа треба да се испасира.


Во садот во кој ќе го спремате грашокот, ставете путер и една лажица масло, додадете го кромидот и пропрежете го малку, па потоа додадете го лукот, морковот и сето тоа треба да се пржи малку и на крајот додадете ги грашакот и месото.
Додадете ја вегетата, солта и биберот, додадете ја водата така што ќе го покриете зеленчукот. Намалете ја температурата и нека се вари со полуотворен капак. Сето тоа треба добро да се извари се додека месото и грашокот не бидат добро сварени. По потреба се додава и вода.