Младите фудбалери се држат добро против Португалија на полувремето

Одличен гол на Енис Барди и многу пропусти на одбраната го одбележа првото полувреме на мечот против Португалија попладнево во Гдиња.

Португалија која мора да постигне 4 гола против Македонија за да ги задржи шансите да се пласира во полуфиналето поведе рано со два нула но по тактичката смена на Радески нашите јуниори заиграа подобро што вроди со плод по извонредниот гол на Енис Барди кој од дваестина метри го совлада португалскиот голман.

Македонија во вториот дел ќе се соочи со офанзивата на Португалија што е можност за постигнување на уште некој гол, можеби и за бодови во последниот меч од ЕУ 2017.