Веста за смртта на Хју Хефнер (92) го заинтригира целиот свет. За неговиот живот навистина може да се напише роман, па затоа не е изненадувачки што неговото заминување е впечатлива вест за сите светските медиуми. Американските медиуми, пак, веднаш обрнаа вниманието на неговата помлада сопруга Кристал Харис, со која Хефнер се ожени во 2012 година.
Таа остана со него до крајот на неговиот живот, но иако тие беа во брак пет години, Кристал, според медиумите, нема да наследи ниту еден долар. Сопружниците потпишале предбрачен договор во која се вели дека во случај на развод или смрт, Кристал нема да наследи ништо од вредниот имот кој се проценува на повеќе од 200 милиони долари. Хефнер ги оставил парите на своите деца, и на некои хуманитарни здруженија.

Сепак, на Кристал нема да и фали ништо бидејќи Хефнер во предбрачниот договорот внел ставка со кој таа ќе биде згрижена, што во превод значи дека таа ќе добива одредена сума на пари месечно за да може да ги покрие своите, не таака мали, трошоци на живот.