Причината за повикот од МНР до амбасадорот на Македонија во ОН, Љубомир Фрчкоски да дојде на „консултации“ во е злоупотребата на службената картичка за авионски билети без почитување на пропишаните процедури во МНР, дознава МКД.МК

Згора на тоа, Фрчкоски не ги почитувал и препораките давани од претходниот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

Третата работа поради која Фрчкоски е повикан да се врати во Скопје е немањето евиденција на парите од продажбата на имотот припаднат на Македонија по поделбата на имотите на Југославија на територијата на САД. Едноставно, во МНР нема евиденција за уплата на тие средства на сметка на буџетот, дознава порталот.

Фрчкоски е амбасадор на Македонија во ОН од март 2022 година.

ПОВЕЌЕ