За јавноста остана мистерија каде и во чии раце заврши оваа луксузна вредна „пратка“ со која бизнисменот Орце Камчев требало да добие слободата за случајот „Империја, пишува МКД.Мк.
Бојан Јовановски неодамна на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска и бизнисменот Орце Камчев знаат каде се парите.
Редакцијата на МКД.мк чека официјален одговор дали ОЈО ГОКК води предистрага или истрага и дали овие пари и торбата се предмет на некаква постапка пред правосудните органи.
Во случајот „Рекет“ парчиња прендирана облека, обувки, чанти, очила, сакоа, кошули, шешири, капути, јакни, фармерки… завршија во Агенцијата за управување со одземен имот.
Овој предмет остана во оваа „богата“ заплена, но во неа не се и парите од Луи Витон торбата.
Јовановски во една од неговите изјави рече дека експремиерот Зоран Заев бил човекот кој што од позиција на моќ имал авторитет и комуницирал со сите лица кои биле кривично засегнати, а се споменувале во „Рекет“.
ПОВЕЌЕ на ЛИНКОТ
Боки 13 има уште неколку месеци да ја одлежи затворската казна за „Рекет“