Грчкиот премер Кирјакос Мицотакис бил многу загрижен кога слушал дека новата влада го користи името Република Македонија внатре во земјата:

„Не е конструктивно, не помага на европскиот пат на Северна Македонија и е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време дискусијата со поранешниот амбасадор на САД во Грција Даниел Спекхард во организација на американската тинк-танк Council on Foreign Relations во Вашингтон, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека „С. Македонија сега е земја-членка на НАТО бидејќи Грција го тргна ветото по Договорот од Преспа“, објаснувајќи дека е договор потпишан од претходната Влада, но го почитува бидејќи е „меѓународен договор што ја обврзува земјата“.

„Но, најфундаменталниот аспект на Договорот Преспа е името Северна Македонија кое мора да се користи секаде, и во внатрешноста и надвор. И за ова не се преговара, ова е јасно, се наоѓа во Договорот од Преспа и е нешто за кое Грција не преговара“, рече Мицотакис.