Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од патувањето до Салцбург каде треба да има обраќање на 20-тиот Европски самит.
-Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат. Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања.Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен. Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина, напиша Мицкоски.