Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денес на кратко се вратија во парламентот за да го ислушаат обраќањето на пртетседателот, но се уште нема одлука дали и понатаму ќе го бојкотираат парламентот.

Новиот партиски лидер, Христијан Мицкоски ги остави отворени сите можни опции, но рфече дека одлуката ќе била донесена по средбата со премиерот Зоран Заев.


Мицкоски, на средба со новинари соопшти дека нов координатор на пратеничката група е е Влатко Ѓорчев, откако се повлече Илија Димовски, но негираше дека досегашниот координатор се повлекол поради незадоволство од последните настани во партијата.

Димовски, да потсетиме, не присуствуваше во работата на вонредниот конгрес во Валандово, на кој Мицкоски беше избран зџа претседател на ВМРО-ДПМНЕ.