Мицкоски со фантастична предност пред Ковачевски во најважниот параметар, нов силен удар за експремиерот

Драматична предност за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред ривалот Димитар Ковачевски.

Во еден од најважните параметри во јавното мислење Мицкоски има дури 5 пати поголема предност од Ковачевски.

Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

На прашањата за тоа во кој политичар веруваат и во кој лидер на политичките партии имаат најголема доверба, според одговорите на испитаниците на двете листи на прво место е Христијан Мицкоски (25,1 % и 16,6 %). На овие прашања интересен е резултатот на Максим Димитриевски, претседателот на ЗНАМ, кој покажува поголема популарност и од Стево Пендаровски.

Во албанскиот блок Али Ахмети е убедливо прв (11,6% и 6,9%), а на второ место меѓу Албанците и како политичар и како лидер на партија е Арбен Таравари (7,9% и 4,2%). Оваа анкета покажува пад на популарноста на Димитар Апасиев и на неговата партија Левица.

Популарноста на досегашниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и како политичар и како лидер на партија е 5,6% и 4,9 %. Висок процент од 49,2 отсто немаат доверба во ниту еден лидер на политичките партии во Македонија.

Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Поврзани вести

Ако Пендаровски добро го чита Маркет Вижн треба веднаш да го фрли пешкирот пред Силјановска