Lидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има највисок рејтинг меѓу македонските политичари, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 10 до 13 октомври годинава,
Мицкоски има поддршка од 27,8%, Али Ахмети од ДУИ има поддршка од 8,6% од анкетираните, додека на третото место се наоѓа лидерот на СДСМ Венко Филипче со поддршка од 5,5%.
Анкетата ја анализира поддршката на граѓаните за политичките партии, политичари, и перцепциите за работењето на новата Влада во нејзините први 100 дена.
На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори?“ дури 27,2% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Само 9,6% рекле дека би гласале за СДСМ.
Значаен процент од испитаниците (15,5%) изјавиле дека не би гласале за ниедна партија, додека 11,6% не сакаат да го откријат својот избор.