Мицкоски: Од утре лимитирање на цените на производите кои се најпотребни за успешен старт на учебната година

При посетата на ОУ „Стив Наумов“ на првиот училишен ден, Мицкоски рече дека се подготвуваат да го олеснат трошокот на родителите за успешен старт на учебната година со лимитирање на цените на производите кои се најпотребни.

– Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме, изјави Мицкоски.

Детали за новата мерка најави дека ќе бидат соопштени по владината седница на прес-конференција.