Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“. Пред десетина дена премиерот Христијан Мицкоски најави новогодишна потрошувачка кошничка, а денеска обзнани дека истата започнува за два дена.
- На мое големо задоволство, комапниите, трговците, приозводителите, дистрибутерите, бројката на приозводи ја зголемуваат и таа е 800, не е 600-тини. Сите тие ќе бидат означени за тоа ќе се грижи Државниот пазарен инспекторат. Очекувам семејниот буџет да биде заштитен со намалувањето на овие производи, истакна Мицкоски и додаде:
„Започнува од 15 декември, за два дена. Очекувам позитивни ефекти и очекувам да биде што побогата за празниците потрошувачката кошничка на граѓаните за помалку пари. Тоа е наша цел и тоа е наша задача како Влда да го овозможиме“.
Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници, информираше претходно Државниот пазарен инспекторат.