Пред зборовите македонска нација да стои зборот сегашна во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, како што предлагаат пратеници од ГЕРБ, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Предлогот за додавање на зборот „сегашна“, премиерот Мицкоски смета дека е обид за создавање нова, вештачка македонска нација.
„Јас имав интензивни разговори со неколку влијателни луѓе и во Европскиот парламент и во Бриесл и денеска ќе продолжам да кажам дека доколку тоа се случи, само уште еднаш ќе се потврди она за кое ние зборуваме цело време а тоа е дека не станува збор за неколку стотини наши сограѓани кои за себе велат дека седел од бугарската заедница во Македонија туку станува збор за обид за создавање на нова вештачка сегашна македонска нација која што почива на корените на бугарската нација. Тоа е суштината. Јас тоа нема да го прифатам. Ќе го отфрлам и никогаш нема да го прифатам затоа што тоа нема никаква врски ниту со европските ниту со какви било вредности“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на 80-годишниот јубилеј на Државниот завод за статистика.
Премиерот Мицкоски сега вели дека Европа е на потег да даде одговори и да ја исправи историската неправда што лековерно ја прифатиле Бујар Османи и екс-премиерот Димитар Ковачевски.
„Вистината е таа дека официјална Софија никогаш не се препакува и остана во суштина да биде слеп заложник на политиките на живковизмот. Тоа е суштината, создавање на нова сегашна македонска нација која што почива на основите на бугарската нација. Тоа е суштината зад сето ова.
Нема врска неколку стотини наши граѓани во преамбулата. Тоа е само пред завесата. Зад завесата ова е суштината. Секој оној кој не верува во ова или е политичка аналфабета или свесно сака да ги манипулира граѓаните“,вели Мицкоски.
Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик. Извештајот ќе се гласа в среда, а 4 јуни.