Премиерот Христијан Мицкоски денес ќе присуствува на свеченоста по повод поставувањето на првиот камен за почеток на градбата на автопатот Тетово-Гостивар, со должина од 18 километри, објавија од владината служба за информирање.
Планот за градење на автопатот Тетово-Гостивар вклучува и девет надвозници од кои, „8 надвозници за поврзување на локалните патишта со новопроектиранит паралелен пат, еден надпатник за новата клучка во Општина Боговиње и Општина Врапчиште, додека за реконструкција на клучката за излез од Тетово ќе се користи постоечкиот надпатник“.
За реализацијата на автопатот Тетово-Гостивар ќе бидат издвоени 90 милиони евра. На настанот е планирано свое излагање да има и премиерот Мицкоски.