Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро ќе иницира отворање на телефонската линија на која граѓаните ќе можат да пријават криминални и коруптивни дејствија, говорејќи во контекст на митото што му било понудено за „Коридорот 8“, и повтори дека ќе се бори против корупцијата и криминалот во земјава,
„Гледам дека се вознемирени поединечните центри на влијание и тие се вознемирени затоа што тоа е стар тендер, јавна набавка која ја водеше претходната влада на СДСМ и ДУИ.
Решив јавно да се борам против криминалот и корупцијата и ова е порака дека времето на криминалците во политиката заврши. Време е за чесни политичари кои го сакаат својот народ. И така ќе продолжиме.
Сакам да отворам телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријават криминал и корупција. Кај нас е од пандемски размери. Се додека сум јас премиер нема да има место за криминалци во политиката“, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека со ова испраќа порака до секој што ќе го назначам и кој работи во ВМРО-ДПМНЕ: Чувајте го вашиот образ и така ќе го спасите мојот и партијата….