Институциите кои се под ингеренции на Градот Скопје да си ја вршат работата за што се платени, бодејќи инаку ќе се разгледаат можностите за одземање на тие ингеренции, изјави вчра премиерот Христијан Мицкоски.

„Алармантна е ситуацијата и секој ден имаме повици од граѓани. Се поставува прашањето дали можеби треба и како држава и како Влада, да направиме и некои дополнителни чекори за друг тип ингеренции и обврски што ги има Градот Скопје, а коишто гледаме дека не ги извршува навремено, посебно во делот на хигиената.

Секојдневно граѓаните реагираат до Владата и затоа јас ова прашање ќе го отворам на наредната владина седница.

Ова што денеска се случува во Град Скопје личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО Алијансата и земја кандидат за членство во ЕУ“, кажа Мицкоски.

Тој рече и дека можеби треба да се размисли за идејата, секоја од општините да добие право да формира свое комунално претпријатие, па да ги наследи основните средства од ЈП „Комунална хигиена“ и слично.

Нагласи дека граѓаните секојдневно реагирале до Владата и најави оти ова прашање ќе го отвори на следната седница.

Ги повика надлежните во „Комунална хигиена“ во градот Скопје да работат за тоа што се платени, за што ги плаќаат граѓаните.