Во објава на социјалната мрежа „Х“, шпанскиот амбасадор во Македонија јавно изрази воодушевување на социјалните мрежи откако утрово, при патување од скопскиот аеродром, забележал дека премиерот Христијан Мицкоски ги минува сите аеродромски формалности како и сите други патници.
Амбасадорот Рафаел Сориано Ортизго го посочи овој момент како пример за едноставност и нормалност во однесувањето на високите функционери.
Ортиз, кој чекал во редот за туристичко пријавување на лет за Истанбул, посведочил како премиерот на Македонија без никакви привилегии ја поминал контролата, чекал ред за чекирање и ги испочитувал сите процедури како и останатите патници.